Жител на тетовското село Седларево починал, а двајца сопатници се тешко повредени откако ноќеска 10 минути по полноќ возилото со кое се превезувале, се излизгало од патот и удрило во дрво по што се превртело.

Во несреќата загинал 34-годишниот Љ.А. кој го возел теренското возило „УАЗ“, а тешко повредени се Ш.А. (37) и И.И. (23) кои по укажаната лекарска помош во Тетовската болница се пренесени во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

МВР денеска соопшти дека несреќата се случила на локалниот пат село Групчин - Село Седларево на влез во селото Седларево.

Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 10:29