Вкупно 14 лица се повредени во сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие. Од нив, тројца се со тешки телесни повреди, а 11 со лесни повреди.

Покрај ова, во четири од вкупно 15 сообраќајки е причинета материјална штета.

Според полицискиот билтен, 44 возачи возеле побрзо од дозволеното, тројца биле под дејство на алкохол, а од сообраќај се исклучени и 11 возачи кои возеле пред да се стекнат со возачка дозвола и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и девет технички неисправни возила и девет нерегистрирани.

Во изминатото деноноќие издадени се и 75 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 64 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 09:33