Швајцарскиот тенисер Роже Федерер истакна дека судијата Мохамед Лајани направи сериозна грешка со своето однесување на натпреварот меѓу Ник Кирјос и Пјер-Иг Ербер на Ју-Ес опен.

Лајани во еден момент слезе од столицата и му пријде на Кирјос, при тоа непримерно за судија му даде неколку совети и почна да го бодри.

- Сакам да ти помогнам. Ова не си ти и јас го знам тоа. Ти играш одличен тенис, наведе Лајани.

Скандалозното однесување на судијата предизвика бура од реакции, а Ју-Ес опен реагираше со официјално соопштение.

Меѓу останатите за случајот се огласи и Федерер, кој го осуди однесувањето на Лајани.

- Местото на судијата е да седи на столицата и оттаму да носи одлуки. Не смее да слезе и да говори онакви нешта. Се надевам дека вакво нешто повеќе нема да се случи, истакна швајцарскиот тенисер.

Федерер во следното коло на Ју-Ес опен ќе игра токму против Кирјос.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 16:32