Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 година, денеска оствари работна средба со претставници на спортските клубови кои егзистираат на територијата на Општина Кисела Вода.
На оваа средба градоначалникот Темелковски се интересираше за активностите на спортските клубови, како и за нивните планови и програма во иднина. Темелковски пред присутните информираше дека е задоволен од досегашните постигнати резултати од неколку спортски клубови.
Општина Кисела Вода, како што нагласи градоначалникот, ќе продолжи да им дава поддршка на спортските клубови и да го помага спортот, се со цел да се омасови и клубовите да постигнуваат подобри резултати. Спортските клубови кои ќе остваруваат добри резултати општината ќе ги помага во оставрување на истите.
На оваа средба претставниците од спортските клубови брифираа пред градоначалникот за нивните потреби и воедно, се заблагодарија за поддршката која општината им ја дава досега.