Денес, нешто после 17:00 часот се случило убиство во охридското село Велгошти.
Според неофицијални информации се работи за 40 годишна жена која е мајка на две деца.
Исто така според неофицијални информации се работи за убиство односно за давење а соседите велат дека била пронајдена со црна вреќа на нејзината глава.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.