Американката Серена Вилијамс се пласира во четвртата рунд ана Грен слемот во Њујорк, откако ноќеска ја победи нејзината сестра Венус Вилијамс со убедливи 2-0, по сетови 6:1 и 6:2.

- Тоа беше моја најдобра игра на сите досегашни мечеви со Венус. Јас играм подобро од почетокот на турнирот, изјави Серена Вилијамс.

Следна противничка на Серена ќе и биде Каја Канепи од Естонија.

Наградниот фонд на УС Опен изнесува 53 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 11:45