Пилотот на Ферари, Кими Раиконен не се согласува со мислењето на експертите за Формула 1 дека почна да вози полошо отколку порано. Според Финецот, дури и на 37 години тој е на исто ниво како пред една деценија.
- Не мислам дека сега сум полош од пред десет години. Јас нема да учествувам во трките ако не мислам дека можам да работам на високо ниво. Можеби еден ден ќе се разбудам со разбирање дека не сакам да одам понатаму. Луѓето велат дека брзината постепено ќе се изгуби, но јас не чувствувам дека ја губам, изјави Раиконен.
Тој во Формула 1 вози од 2001 година. Во 2007 година со Ферари стана светски шампион. Досега има 20 победи.