Вчера во 16,37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти.
Според неофицијални информации се работи за убиство односно за давење, а соседите велат дека била пронајдена со црна вреќа на нејзината глава.
На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.
По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.