Три лица се повредени во сообраќајната несреќа при судир на две товарни возила што денеска околу 13:25 часот се случи кај превојот Плетвар, во близина на Каменоломот. Повредените се пренесени на лекување во прилепската градска болница „Борка Талески“.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола товарните возила се со кавадаречка и скопска регистрација.

- Во кавадаречкото товарно возило марка „Волво“ при несреќата бил само возачот, а во товарното возило „Марцедес“ со скопски регистерски таблички биле двајца патници, жители на Арачиново. Префрлени се на лекување во прилепската болница и се уште не се знае колкави се повредите, ниту се познати причините за несреќата, рече Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи полицијата. Сообраќајот сега се одвива непречено во двата правци.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 16:15