Возачот на Ферари, Кими Раиконен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Италија во Формула 1 шампионатот.

На крајот на квалификациите Раиконен го извози најбрзиот круг за рекорд на патеката и прва пол-позиција за Ферари во Монца од 2010 година.

Зад него, заврши клупскиот колега Себастијан Фетел, Тандемот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе стартуваат од вториот ред, а по нив Макс Ферстастапен од Ред Бул.

Пред утрешната трка закажана за 15:10 часот, во генералниот пласман, Хамилтон води со 231 поен, Фетел има 214, Раиконен 146.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 03:50