Во Кичево денеска точно на пладне ќе стартува втората кружна трка од македонскиот автомобилистички шампионат.

Најдобри времиња во квалификациите остварија: Димитриј Кимовски, кој што вози со српска лиценца и е вон конкуренција, односно гостин во дивизијата до 1.150 кубни сантиметри, Благоја Димитровски во дивизијата до 1.600 кубни сантиметри и Давид Малинковски во категорија Е1 до 2.000 кубни сантиметри.

- Задоволен сум од извозеното време во квалификациите, особено од второто возење кога го поставив најдоброто време. Очекувам интересна и возбудлива трка”, изјави Давид Малинковски, возачот на Кастум Кар Рејсинг.

Ова е втор настан од вкупно четири трки на кружни патеки во годинешното македонско автомобилистичко првенство.

- Квалификациите поминаа одлично, задоволни сме од реализираното и очекуваме уште повеќе публика и добри резултати на трката, истакна организаторот на настанот, Миле Делев од автомото клубот Кастум Кар Рејсинг.

Во генералниот поредок водат Александар Ѓеорѓиевски во класата 1, Мартин Делев во класата 2, Дарко Ангеловски во класата 3, Даниел Блажевски во класата 4 и Даниел Белиќ во класа 7.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 10:46