Со победата над Академија Пандев остварена синоќа во Скопје, екипата на Работнички изби на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ победија со 1:0 со голот на Остоја Стјепановиќ постигнат од пенал во 13.минута.

За Работнички ова беше трет триумф во низа, а за струмичани прв пораз во годинашниот шампионат.

Другите саботни средби од четвртата рунда завршија нерешено: Беласица – Вардар 1:1, Ренова – Македонија ЃП 1:1, Силекс – Победа 0:0.

Денес Шкупи е домаќин на Шкендија.

Табела: Работнички 9 бода, Академија Пандев 9, Вардар 8, Шкендија 5, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Шкупи 2, Македонија ЃП 2, Беласица 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 10:48