Ракометарите на Еурофарм Работник ќе играат во финалето на Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“ во Зеница, Босна и Херцеговина.
Во првиот полуфинален натпревар, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ беа подобри од босанскиот прволигаш Вогошча Хилс со 30:24.
Противник на битолчани во борбата за трофејот ќе биде хрватскиот клуб Млади Рудар кој во второто полуфинале беше поуспешен од домаќинот Челик Зеница со 28:26.
Финалниот меч е закажан за 18 часот.