Екипите на Вардар и Алкалоид ќе играат во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Ова е епилогот по завршување на групната фаза.
Во вчерашните натпревари од последното коло, Алкалоид забележа победа над црногорскиот тим Ловќен со 34:30. Претходно Алкалоид ги совлада Динамо Панчево (Србија) и Олимпијакос (Грција).
Вардарци беа поуспешни од Целје (Словенија) со 31:27. Ова е трета победа за „црвено-црните“, по Охрид и Партизан (Србија).
Финалето ќе се игра вечер од 20 часот во салата „Билјанини Извори“.