Ракометниот клуб Алкалоид го освои Суперкупот на Македонија по победата над РК Еурофарм Пелистер со 33:30 (19:14) во меч кој се одигра во салата „26 април“ во Гевгелија

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично прво полувреме, иако во вториот дел имаа падови, сепак не им дозволија на битолчани целосно да се вратат во игра и да се надеваат на победа.

Најдобар стрелец во победничката екипа беше Никола Костески со осум гола, пред Марко Митев со шест гола, додека Мартин Серафимов и Кристијан Симоноски погодија по пет пати.

Кај голманите, Марко Кизиќ одбрани 12 топки, додека Иван Галевски додаде три интервенции



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 05:25