Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со Нант го освои третото место на Трофејот на шампионите, откако денеска во малото финале го победија ПСЖ чии тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

Мечот беше решен по маратонска серија на седмерци со конечен резултат 46:45.

Во регуларното време резултатот беше 34:34.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со осум погодоци вклучувајќи ги и головите од пенал-серијата.

За трофејот ќе играат Сант Рафаел и Монпелје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 16:34