Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Според неа, полицијата во моментов е на теренот, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожари екипи.

Експлозијата во фабриката, настана од засега сеуште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16:10 часот. Од СВР Битола велат дека нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 22:02