Вкупно 565 првачиња од општина Центар денеска за првпат го слушнаа звукот на училишното ѕвонче во седумте основни училишта на територијата на општината. На првиот училиштен час се запознаа со своите наставници и со начинот на кој ќе функционира наставниот процес во училиштата.

Во текот на летните месеци активно се работеше на подобрување на условите за работа во училиштата во општината.

-Во текот на летниот распуст се вршеа реконструкции и подготовки, со цел оваа учебна година уцениците да имаат подобри услови во споредба со претходната учебна година. Имајќи предвид дека се работеше речиси во сите училиште, во дел од нив работите не се завршени до крај, но овие активности нема да одземат повеќе од петнаесетина дена и се разбира, нема да влијаат на наставата. Горди сме што ќе ја започнеме новата учебна година со подобри услови за работа и на учениците и наставниците, изјави Јагода Јанковска, раководител на Секторот за јавни дејности во општина Центар.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ присуствуваше на првиот час во ООУ „11 Октомври“ и им посака успешна училишна година на сите ученици, порачувајќи дека доброто однесување е столб на квалитетното образование и дека со квалитетно образование градиме успешно општество за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 15:01