На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Башовски.

Првите контакти на Бачовски со филмот датираат од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојува повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално да се занимава со режија во МРТ, чиј творечки опус трае повеќе од три децении.

Погребот на Тихомира Бачовски е утре на гробиштата во Бутел. Во МРТ, пак, утре во 10 часот ќе биде одржана комеморативна седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 15:20