Кривична пријава заработи 67- годишниот Т.К. од село Крајници, Општина Чашка кај кого на 29 август полицијата пронајде и одзема 130 садници од канабис сатива и 11,7 кг маихуана.
Од МВР соопштија дека во село Крајници, Општина Чашка,од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуаната, додека на имотот на пријавениот заседени со други земјоделски култури биле пронајдени 130 садници од растението „канабис сатива“.
Од страна на судија при Основен Суд Велес на Т.К. му е изречена мерка притвор. Од СВР Велес информираат дека притворениот и е познат на велешката полиција.