Дирекотри на повеќе училишта во гостиварскиот регион и престваници на СВР Тетово денеска имаа работна средба на која главна тема беше безбедноста на учениците.

Средбата на која беа директорите на четирите гостиварски средни училишта, на гимназиските паралелки во Неготино-Полошко и Ростуше, како и на две градски основни училишта, ја иницираа од СВР Тетово.

Началникот на СВР Тетово Амир Далипи се осврна на досегашните и идни активности за поголем ред и безбедност на учениците во и околу училиштата. Далипи зборуваше и за практичната соработка на релација училишта-полиција. Од училишните управи побраа зголемено полициско присуство околу училиштата, особено кога завршуваат смените.

Од СВР Тетово најавуваат вакви средби и во наредниот период со цел на учениците да им се овозможи максимална безбедност пред, во текот и по завршувањето на наставата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 16:51