Интернатот во Кавадарци е без струја, а претставници на Министерството за образование и наука очекуваат дека денеска проблемот да биде надминат.
- Министерството за образование и наука е во интензивна комуникација со ЕВН по однос на прашањето поврзано со дистрибуцијата на електрична енергија во државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци. Согласно разговорите, очекуваме во текот на денешниот ден, проблемот да биде надминат, стои во одговорот на прашањето на МИА, поврзано со проблемот со немањето струја во интернатот, во кој се сместени средношколци од разни делови на државата.