Серија „А“ излезе со предупредување до сите клубови во италијанската елита дека започнува да наметнува строги казни заради користење на неофицијални капитенски ленти од следниот, 4-ти круг на шампионатот.

Според дел од новите правила за сезоната 2018/2019 во Калчото се воведува единствен стандард за односниот детал од опремата. Секој капитен на тимот треба да се одликува преку бела лента со логото на Серија А и натпис „капитен“ со големи букви.

Фудбалери како Даниеле Де Роси (Рома) и Алехандро Гомез (Аталанта) го игнорираа правилото, но и не им беше изречена казна. Истото го направија и во Фиорентина при 6:1 над Киево во вториот круг, кога со лентата се оддаде почит кон трагично загинатиот поранешен капитен на тимот, Давиде Астори.

Од сега па натаму, сепак секакви самоволности, без разлика на поводот, нема да се толерираат. Од раководството на Серија „А“ објавија дека „секое прекршување на споменатите прописи ќе биде земено во предвид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 20:25