Полицијата во Тирана уапси две лица, а против 64 други, меѓу кои и 17 пратеници поднесени се кривични пријави, во врска со синоќешниот насилен протест организиран од опозицијата, кога беше блокиран целиот град.
Тие се обвинети за кривичните дела „Попречување на сообраќајот на превозни средства“ и „Напади на службени лица на должност“, како и „Организирање и учество во нелегални собири и демонстрации“.
Меѓу пратениците се и генералниот секретар на Демократската партија, Фљамур Нока, и координаторот на пратеничката група, Газменд Барди. Пријавите се поднесени до Обвинителството во Тирана.
Протестот под мотото „Или денеска или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, траеше три часа а од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана.
Започна со тензии од првите минути, бидејќи полицијата се дозволуваше блокирање на улиците во главниот град, повторувајќи го преку мегафон предупредувањето дека блокирањето на слободното движење е казниво со закон, имаше насилно однесување кон полициските службеници, поради што полицијата беше принудена да употреби солзавец и водени топови.
Речиси идентичен, со насилно однесување, протест опозицијата одржа и на 29 минатиот месец. На протестите се бара формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори и оставка на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заради корупција. Организаторите најавија продолжување на протестите.