Посетителите можат до недела да се разладуваат и забавуваат во „Вип аква парк“ во Скопје. Летната сезона во овој аква парк завршува в недела, 9 септември.

Од „Вип аква парк“, кој е дел од комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, за наредната сезона најавуваат нови можности за посетителите. Освен дневните забавни содржини, аква паркот ќе може да се изнајми во вечерните часови за различни прослави.

Од понеделник за сите жени и девојки следува уште една забавна активност во салата на Вип пилатес и аеробик центарот на СЦ „Борис Трајковски“- вежбање со Топ Форма. Салата е опремена со најсовремена опрема и по светски стандарди.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 17:01