Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи доби награда за иновативност на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада.
Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена наградата.
„Почитувани колеги, пријатели! На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42 то издание на Монтреал Ворлд Филм Фестивал, на филмот ,,Ругање со Христос,, му е доделена единствената НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ! Му благодарам на жирито“, напиша режисерот Бојаџи на својот фејсбук профил.
„Ругање со Христос“ деновиве е многу актуелен, откако министерот за култура Асаф Адеми го окарактеризира како навредлив за Албанците, без да го погледне филмот.