Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници в сабота на 8 Септември - Денот на независноста ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Поради државниот празник, информираат од ЈСП, ќе работат само три билетарници.

- Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров, соопшти ЈСП.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 11:16