Седумдесет научни трудови од областа на политиката, правото, општествените науки и комуникологијата се презентираат на Петтата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, што се одржува во организација на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

- Новина за оваа јубилејна научна конференција е новата секција на млади истражувачи, каде имаме 15 учесници од Република Македонија. Тоа се студенти на постдипломски и докторски студии и два учесници од Република Бугарија, односно студенти на докторски студии, вели Марија Амповска член на Организациониот одбор на конференцијата.

Амповска на конференцијата ќе ги презентира и истражувањата во делот на извршителите.

- Истражувањата покажуваат дека самите корисници на услугите на извршителите не се доволно заштитени, односно институтот одговорност не е доволно правно уреден и концизно уреден за да може да кажеме дека оштетените ќе добијат навистина правичен надомест, додаде Ампевска.

На меѓународната научна конференција учествуваа и универзитетски професори од Русија, Турција, Србија, Бугарија, Косово, Хрватска, Полска и Босна и Херцеговина.

Универзитскиот професор од Правниот факултет во Ниш, Република Србија, Маја Настиќ истакна дека соработката меѓу двата факултети е одлична и тие се гости на секоја научна конференција. Темата и е „Уставната заштита на човечките права“. Прашана дали и во Србија се соочуваат со истите проблеми со реформи во правосудството, Настиќ децидна дека речиси се исти, ако не и идентични. Забележа дека во тек е изработка на уставни амндмани, меѓутоа по јавните расправи како што вели таа многу професори, теоретичари биле разочарани од она што го виделе на хартија.

- Благо речено во потполност не се исполнети очекувањата, кога е збор за остварување на независноста, непристрасноста на судската власт. Венецијанската комисија своето милсење го даде во јуни и во склад со мислењето нашето Министерството за правда вети дека ќе подготви нови предлог амнадмани, оваа есен и ние очекуваме дека сите препораки на Венецијанската комисија ќе бидат испочитувани. Што ќе биде и корисно и за сите нас, вели Настиќ.

На петтата меѓународна научна конференција универзитетските професори од девет земји ќе говорат и за миграциите, договорот меѓу Македонија и Бугарија, но и за фалшливите, односно лажни информации. Воведно излагање на конференцијата имаше Гале Галев.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 00:34