Во Делчево денеска се реализираше редовна крводарителска акција, што почна во раните утрински часови.

Трансфуизологот Виолета Ѓоргевска соопшти дека акцијата се одвивала во пријатна атмосфера и без никакви проблеми, што резултирала со одлична бројка од 50 подарени крвни единици.

-Ова е редовна крводарителска акција што ја спроведе Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Штип во соработка со службата за трансфузиологија од Делчево. Одзивот беше одличен на денешната акција. Имаме соберено 50 крвни единици за што им се заблагодаруваме на сите редовни, но и на оние крводарители кои за првпат ја испружија раката и подарија од животворната течност, рече Ѓорѓевска.

Организатор на денешната акција беше општинската организација на Црвен крст Делчево од каде за утре најавија нова крводарителска акција со крводарителите од општина Македонска Каменица.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 00:46