Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека одлуката на претседателот Александар Вучиќ за прекин на комуникацијата со косовската полиција и КФОР е поради „неодговорност на тие институции“.
- Таквата одлука беше донесена поради неодговорноста на сите тие институции да обезбедат пристојна посета, бидејќи не сакаме да им дадеме малку легитимитет, иако направивме се за нормална комуникација околу посетата, рече Стефановиќ.
Министерот во изјава за Прва ТВ, рече дека претседателот организирал состанок пред да замине за Брисел.
- Претседателот имаше средба со група најблиски соработници. Тука разговаравме за тоа што може да се направи и донесена беше одлука за одење во Брисел. Како што стојат работите денеска, јасно е дека не сме ни блиску до договор, рече Стефановиќ.
Министерот за полиција, исто така, ја коментираше ситуацијата во врска со посетата на претседателот Вучиќ на Косово, која е планирана за време на викендот.
- Постои разочарување во меѓународната заедница, која не направи ништо. Пасивно реагираа на бруталното однесување на Албанците. Ние сме изложени на сите видови притисок и сето тоа ги отежнува разговорите. За посетата ќе одлучиме кога ќе се врати од Брисел. Ако претседателот одлучи да оди, никој нема да го уапси таму. Гарантирам дека никој нема да го уапси, рече Небојша Стефановиќ.