Претседателот на Косово Хашим Тачи објави на Фејсбук дека, заедно со министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, пред малку ја завршиле билатералната средба со високата претставничка за надворешна политика на Европската унија (ЕУ) Федерика Могерини, јавува МИА.

- Косово е посветено на постиугнување конечен договор со Србија, кој ќе гарантира меѓусебно признавање, зачленување во НАТО, ЕУ и ООН (Органзиацијата на Обединтетите нации). Овој пат ќе биде тежок, но ќе мора да се изоди за да се обезбеди долгорочен мир во Западен Балкан и има сестрана поддршка, напиша Тачи од Брисел.

По средбата со косовскиот претседател, Могерини замина на средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по што ќе уследи трилатералниот состанок Могерини-Вучиќ-Тачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 11:03