Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку минути ја започна средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, во рамките на дијалогот Србија - Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.
Пред тоа Могерини оствари средба со косовскиот претседател, Хашим Тачи.
По билатералните средби треба да се одржи и трилатерален состанок меѓу Вучиќ, Тачи и Могерини, но поради зголемените тензии меѓу Белград и Приштина, неизвесно е дали ќе се одржи оваа средба.