Премиерката Ана Брнабиќ ја повика денеска меѓународната заедница да не го става на тест повеќе ниту трпението, ниту разбирањето на Србите, туку да ја сфати сериозно ситуацијата и се однесува во согласност со неа.
Таа укажа дека е потребно огромно трпение за да се разговара со актуелните претставници на народот на Косово, кои се несериозни, непредвидливи и не почитуваат постигнати договори и потпишани спогодби.
Брнабиќ истакна дека безграничното трпение потребно е да го разберат одделни претставници на меѓународната заедница кои во тишина следат кога Приштина нема да „мрдне со прст“ да го исполни Бриселскиот договор повеќе од пет години, кога крши договори за посети на официјални лица, го апси и тероризира нашиот шеф на тимот за преговори, а сега му се заканува и на српскиот претседател.
Брнабиќ предупреди дека е познато оти трпението, за жал, не е одлика на Србите, но дека српскиот претседател очигледно има и огромно и неограничено трпение, само и исклучително поради мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани, сите националности на овие простори.