Пред стопанственици и граѓани во Струмица денеска беа промовирани права од индустриска сопственост. Со промоцијата стартуваа активностите во рамки на „Месецот на индустриска сопственост“, како дел од одбележување на 25 годишнината од основањето на Заводот.
Според Горан Герасимовски, заменик директор на Заводот за индустриска соптсвеност, иновативноста и креативноста имаат позитивно влијание во секојдневниот живот, а заштитата на интелектулната сопственост е основен елемент за успешно функцонирање на единствениот европски пазар.
- Од друга страна фалсификувањето е форма на уништување на интелектуалната сопственост. Заштитата, пак, на правата од индустриска сопственост е единствен инструмент, кој игра голема улога во индустријата. За жал, кај македонските компании употребата на интелектуалната сопственост во целина е мошне ограничена, истакна Горан Герасимовски, заменик директор на Заводот.
Герасимовски додаде дека сите треба да бидат свесни дека креирањето и управувањето со интелектуалната сопственост е од клучно значење за одржување на растот,конкуретноста и проширување на пазарите на македонските компании.
Во текот на овој месец освен во Струмица, Заводот за индустриска сопственост организира средби со претставниците од стопанството и граѓаните во Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Штип и Битола.
Промоцијата во Струмица беше организирана во соработка со општината и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.