Центарот за дијализа „Диамед“ Македонија изврши обнова на опремата за лекување и следење на најновиот технолошки развој во третманот на бубрежно болните пациенти со набавка на 25 нови уреди од кои шест се поставени во подружницата во Гевгелија.

Медицинскиот персонал успешно ја минал задолжителната обука за работа со уредите по што тие се веќе ставени во функција, информираа од гевгелиската подружница на „Диамед“.

Дел од персоналот на „Диамед“ од Гевгелија моментно учествува на интернационален конгрес за прочистување на крв, што до 9. септември се одржува во Скопје во организација на Македонското здружение на нефролози, дијализа,трансплантација и вештачки органи.

Целта на конгресот,во чија што работа учествуваат светски признати научници од САД,Кина,Јапонија и Европа е учесниците да се запознаат со светските дотигнувања на техниките за прочитување крв и многуте состојби кои можат да се лекуваат со овие техники како што се болести на метаболизмот и прочистување материи во крвта и липиди со што се превенира развој на коронарна болест, инфаркти и поставување стентови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 15:44