СВР Тетово ја одржа првата од неколкуте најавени средби со раководствата на планинарските друштва од полошкиот регион со превентивно-едукативна цел.
Средбите се дел од планираните активности во пресрет на започнувањето на поинтензивната планинарска сезона.
На првата средба со раководствата на планинарските друштва „Бистра“ и „Шари“, претставниците од Отсекот за превенција на СВР Тетово поблиску ги запознаа со насоките за безбедно планинарење и за тоа, што и како треба да направат пред да ги реализираат нивните активности.
- На средбата беше објаснето дека е пожелно однапред да ги пријавуваат планинарските тури и точните локации каде планираат да се движат, застануваат или преноќуваат. Ова, посебно кога турите се изведуваат во есенски или зимски услови и кога планинарите, домашни или странски, недоволно го познаваат теренот за движење. Зашто, на тој начин ќе се придонесе побрзо да се лоцираат при евентуални проблематични ситуации по нивната лична и заедничка безбедност, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Јосифоски посочува дека овие укажувањана планинарите од Полог се во насока на намалување на заталкувањата на поединци-планинари или љубители на разните екстремни спортови, какви што неретко се случуваа минатата и оваа година.