Фудбалерот Лирој Сане си замина од кампот на германската фудбалска репрезентација во Минхен поради приватни причини.

Наводно според англиските медиуми Сане се враќа во Манчестер, бидејќи неговата сопруга е пред пораѓање и фудбалерот сакал да биде со неа во деновите кои доаѓаат. Тој разговарал со селекторот Јоаким Лев, по што заклучиле дека е најдобро да ја напушти репрезентацијата.

Германскиот фудбалер има проблеми со малата минутажа во репрезентација. Тој синоќа настапи на натпреварот против Франција пред самиот крај во 83-та минута, а претходно селекторот Лев го изостави за Светското првенство во Русија.

Од друга страна, Сане има проблеми и во неговиот клуб Манчестер сити, каде сезонава одигра само 30 минути. Тој не е повикан за натпреварот со Њукасл во четвртото коло од Премиер лигата, а како причина за санкцијата тренерот Пеп Гвардиола ги наведе недисциплината и слабото залагање на тренинзите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 21:01