Дефанзивецот Хари Мегваер ги разбира тешкотиите кои ги доживува менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим и неговиот стручен штаб, откри самиот тој по поразот од Вулверхемптон со 2-0 на „Молину“.

Головите во второто полувреме на Матеус Куња и Хуан Хи-чан ја направија разликата.

-Мислам дека беше навистина тешко за менаџерот и неговиот тим да дојдат, бидејќи тој нема сличен стил на стариот менаџер, тие бараат и сакаат нешто сосема спротивно. Веројатно им е тешко бидејќи знаат дека сакаат да работат со тимот на теренот и да ги подобрат работите, како принципите во одбраната, на пример“, изјави Мегваер за телевизијата на Манчестер Јунајтед.

Тој е на „Олд Трафорд“ од 2019 година и веќе на својот ремен има тројца менаџери на „црвените ѓаволи“



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2024 03:23