Министерот за одбрана на Србија, Алексадар Вулин изјави денеска дека посетата на српскиот претседател на Косово е „голема дипломатска победа на Србија“.

Во изјава за РТС, Вулин оцени дека посетата на Александар Вучиќ на српските средини во Косово е показател дека Србија е рамноправен фактор во меѓународните односи.

– Таа посета е меѓународна победа на Александар Вучиќ. Покажува дека работите во меѓународната заедница се промениле за Србија, изјави тој.

Вулин додаде дека ситуацијата е „многу сложена“, но надлежните служби на Србија „будно следат случувања на теренот и ќе направат се да не се случи какво било загрозување на безбедноста на Вучиќ“ додека е на Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 14:28