Непознати напаѓачи испукаа денеска три ракети „каќуша“ врз аеродромот во Басра. Нема извештаи дека во нападот има жртви.

Според официјален претставник од аеродромската служба, не е јасно кој е одговорен за падот кој следува по хаотична ноќ во која стотици гневни демонстранти упаднаа во иранскиот конзулат во Басра и го запалија.

Не е прекинат воздушниот сообраќај од тој аеродром. Засега никој не презеде одговорност за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 14:33