Во организација на општина Велес синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес се одржа концерт на староградски македонски песни.
На концертот учествуваа домаќините, ансамблот „Распеани велешани“ и ансамблите „Распеани гевгеличани“, „Распеани радовишани“ и „Распеани валандовчани“.
Сите овие реномирани ансамбли од државата настапија со сплет стари и понови староградски македонски песни.
Концертот се одржа по повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија.