Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг.

Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан.

За утре се очекува Вучиќ да посети делови од централно Косово, и на крај ќе се обрати пред граѓани во Косовска Митровица



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 15:19