Едно лице е потешко, а четворица се полесно повредени во сообраќајната незгода што се случи на локалниот пат Прилеп-село Прилепец кога возило „опел фронтера“ излетало од патот.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 18 часот и оти потешко е повреден сопатникот С.В. (52), додека возачот Г.С. (60) и уште тројца соптаници се здобиле со телесни повреди.

Потешко повреденото лице е пренесено во Градската болница во Прилеп од каде по укажаната прва помош, е препратен во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 15:31