Со положување цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија денеска беше одбележан Денот на независноста - 8 Септември.

Делегации на општина Гевгелија, Здружението на борците, претставници од политичките партии и здруженија на граѓани положија цвеќе и изразија почит кон сите оние што ги вградиле своите животи во темелите на нашата земја и кон генерациите кои придонеле за нејзината независност и развој.

- Единствена шанса за тоа е влезот во ЕУ и НАТО што ни го овозможува успешноста на претстојниот референдум и потпишувањето и ратификувањето на Договорот од Преспа. Затоа сме исправени пред историски предизвик еднаш за секогаш да го оствариме патот на нашата земја во евроатлантските организации. На тој начин ќе обезбедиме посигурна иднина за нас,за нашите деца и внуци, за идните поколенија, истакна градоначалникот Сашо Поцков на одбележувањето на Денот на независноста во Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 15:34