Со прием на македонските државјани кои живеат во Солун, во конзулатот на Република Македонија вчера беше одбележан денот на независноста, 8 Септември.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, организира прием на 25 септември по повод 27-годишнината од независноста и 74-годишнината од државноста на нашата земја.

Приемот ќе биде и проштален за македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, кој го завршува четиригодишниот мандат во грчката престолнина.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 15:50