Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери денеска ги помина медицинските прегледи во Спартак од Москва и наскоро ќе потпише едногодишен договор со рускиот клуб.

Иако се очекуваше тој да стави крај на фудбалската кариера или последните сезони да ги помине во Кина или САД, сепак 37-годишниот фудбалер направи неочекуван чекор и ќе се впушти во прва интернационална авантура.

Тери во Москва доаѓа како замена на Самуел Жиго, кој поради тешка повреда ја заврши сезоната.

Спартак минатата сезона заврши на третата позиција во руското првенство, а сезонава се натпреварува и во Лига Европа.

За Тери рускиот клуб ќе биде само трет во неговата кариера по Челзи и Астон Вила.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 18:30