Младиот и неискусен тим на Вардар ремизираше со 30:30 против фаворизираните гостински од Куманово во првото коло oд женската ракометна лига.

Вардарки имаа 11 секудни за последниот напад и тајм аут, а наместо да тргнат смирено тие направија грешка, која противникот ја искористи и во контра преку Александра Боризовска реализираше за реми.

Во првото полувреме ракометарките на Вардар неколкупати имаа водство и на паузата заминаа со предност од 16:12.

Гостинките во 40-та минута израмнија на 20:20, но потоа повторно Вардар ја презеде иницијативата и резултатската предност.

Во последните дестет минути од натпреварот домашните ракометарки пак имаa водство од четири голови (28:24), но не успеаа да го зачуваат.

На другиот натпревар од првото коло ракометарките на Пелистер рутински со 33:23 го совладаа ЦЕМС од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 20:07