Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност.

Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее.

- Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 12:46