Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение.
Тој додаде дека мора да се бара решение и не е сум оптимист по тоа прашање.
Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите и пукањето“ не можеле голем број на косовски Срби да пристигнат на неговиот говор.
- Дојдов на Косово да ви ја кажам вистината за нашата тешка позиција, очи в очи, лице в лице. Да молчам не можам, ниту смеам да лажам... , истакна Вучиќ.
Тој го спомена говорот на Слободан Милошевиќ на Газиместан, по кој на Србија и се случија три војни во поранешна Југославија, додавајќи дека „не затоа што Хрватите, муслиманите или Албанците беа посилни и похрабри од нас, туку затоа што не ја разбиравме позицијата на Србија и на светот, бидејќи не сфативме дека не сме сами во светот и дека без светот не се може“.
Вучиќ нагласи дека негова работа е да го менува угледот на Србија во светот, „да се менуваме самите, како рамката преку која се согледуваа работите на Балканот.“
Во врска со можното разграничување со Косово, Вучиќ ја обвини српската опозиција.
- Ќе забележите, молчат гласно и кога треба да зборуваат за денешните граници на Србија, но тие работат во интерес на некои други земји, а не на нивнита земја... И кога ќе ви кажат дека сакам да ги сменам границите, тие лажат, бидејќи границите денес, каде се тие? Ние мислиме едно, Албанците друго. Еден дел од светот мисли едно, другиот дел мисли друго. Всушност, јас сакам да ги сменам вашите права. Состојбата не е иста како пред 30 и 50 години. Да ги освојам за Вас сите оние права што ви припаѓаат, а кои се дел од она што се нарекува цивилизиран свет, додаде српскиот претседател.
Тој во говорот кажа и дека е реален и дека не ветува оружје за Србите на Косово.
- Јас зборувам за реалноста. Затоа не сакам борбени песни, нема да ве подбуцнувам, нема да ви ветувам оружје и муниција, иако е јасно дека никому нема да дозволам да употреби оружје и муниција против вас. Затоа што сакаме да останете живи, изјави Вучиќ. Вучиќ се осврна и на можниот договор со косовските Албанци.
- Сакаме договор со Албанците или сакаме продолжување на агонијата, праша Вучиќ, посочувајќи дека нема решение на повидок, „јас се молам тоа да биде за можеби пет до десет години. Ќе разговараме и ќе преговараме до исцрпеност, доколку е потребно. И затоа, во Косово дојдов да ви кажам дека некој, некогаш во иднина, ќе мора да постигне компромис со Албанците“.
Српскиот претседател, исто така, додаде дека „доколку бидат нападанти косовските Срби, тој нема да се двоуми да ги заштити“.