Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина.
Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени на патиштата кон тоа село и повика на смирување на состојбата.
- Утрово беа блокирани сите патишта кои водат кон селото Бање, пред планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ. До тие моменти посетата се одвиваше во мирна атмосфера, со целосна поддршка од сите надлежни авторитети. ЕУ жали што тој дел од посетата требаше да биде одложен. Бараме од сите кои се одговорни да го зачуваат редот и да обезбедат слободно движење во текот на целиот ден, изјави Апостолова.